Овој знак важи е крал на сите хороскопски знаци, поради фактот што тој честопати ги третира другите како свои слуги, без премногу да се грижи дали што го прави е во ред или не.

Станува збор за Лавот. Негова најголема желба е да биде во центарот на вниманието, што честопати му се исполнува, но неретко излегува дека е меч со две острици. Голем број на Лавови се подготвени за војна со епски размери ако не го добијат вниманието кое сметаат дека го заслужуваат.

Хороскоп на македонски јазик

ИНСТАЛИРАЈ

Лавовите секогаш се изненадени кога некој ќе ги нарече зависници од внимание. Но, тие навистина веруваат дека им прават услуга на луѓето кога ги раскажуваат нивните возбудливи приказни од минатото и амбициозни планови и смели визии за иднината. Додека Лавот ја игра главната улога на било кој настан, секој присутен ќе биде спореден актер.

Овој хороскопски знак е убеден дека сите околу него се во подобро расположение кога тој ќе им се придружи, а всушност не сфаќаат дека честопати другите се вознемируваат затоа што не им се потребни здодевните приказни на Лавот. Тој може лесно да се скара со пријателите, да ги налути колегие и да ги прекине љубовните врски затоа што постојано привлекува внимание кон себе. Дури и кога другите ќе предложат да ја променат темата, Лавовите ќе продолжат да зборуваат за себе и да се прашуваат како можат останатите да се незаинтересирани за нив.