Дали понекогаш сте се запрашале зошто убавите мажи претпочитаат помалку атрактивни жени и често сте си го поставувале прашањето: „Зошто е тој со неа?“

Вистина е дека повеќето мажи сакаат згодни тела и прекрасни лица. Дали може да претпоставите тогаш зошто еден убав маж би стапил во брак со помалку атрактивна жена?

Не секој маж ја бира партнерката врз основа на надворешниот изглед, по секоја цена. За нив има многу поважни работи отколку само жената да изгледа совршено. Ваквите мажи обраќаат внимание на внатрешната убавина и сите оние квалитети, кои се далеку од тоа само да се биде убава.

Мажите сакаат жена што ќе ги направи да се чувствуваат среќно. Тие обожаваат кога нивните партнерки им се воодушевуваат, ги ставаат на прво место и им даваат огромна важност. Мажите сакаат да бидат обожавани.

Затоа следниот пат кога ќе видите убав маж со помалку атрактивна жена, запаметете го делот околу воодушевувањето. Мажите се едноставно поразлични од жените, кога станува збор за ова прашање.

Исто така, според експертите, покрај мажи кои ја претпочитаат внатрешната убавина, постојат и мажи кои бираат да се оженат со помалку атрактивни жени од следните 2 причини.

Од мажот се очекува да биде активен за време на работата и не само таму, туку и во домот. Тој е сопруг, татко и глава на семејството и од него се очекува многу и затоа според експертите, многумина мажи имаат ниско ниво на самодоверба.

Поради оваа причина, тие најчесто сметаат дека немаат никакви шанси кај најатрактивните дами и затоа често избираат помалку атрактивна жена за сопруга.

Или пак од друга страна, одредени атрактивни мажи сметаат дека имањето помалку атрактивна партнерка значително ги намалува шансите за изневерување, односно помалку атрактивната сопруга нема да биде цел на туѓи погледи.