Во животот барем еднаш, секоја личност, почнувајќи од детските денови, била скокоткана, но скокоткањето на децата може да биде штетно, наместо добро.

При едно истражување, резултатите покажале дека само 32% од испитаниците уживале да бидат скокоткани, 32% дале неутрален одговор, додека пак, 36% одговориле дека тоа вооппшто не им се допаѓа.

Уште од најрана возраст, децата се скокоткани, но науката сега вели дека подобро е да се најде друг начин на забава, како раскажување шеги или спортување со децата.

Иако детето се смее, тоа не значи дека истото ужива да биде скокоткано

Децата, особено оние кои посебно се сензитивни, не можат да престанат да се смеат кога се скокоткани, иако таа активност ја мразат.

Рефлексивното смеење им дава погрешна слика на родителите, дека нивното дете ужива, кога реалната ситуација е сосема спротивната.

При едно истражување, спроведено на Универзитетот во Калифорнија, во 1997-та година, научниците открија дека смеењето што го предизвикува скокоткањето не е исто чувство на среќа или радост, како кога се смееме на некоја хумористична шега.

Скокоткањето само создава лажна илузија дека личноста ужива во тоа.

Скокоткањето е начин да се наметне доминантност

Личноста која е скокоткана, го губи чувството на сопствена контрола. Борбата истата да ја врати назад, за детето е понижувачка и една ваква навидум обична активност може да остави трајни непријатни спомени кај истото.

Иако возрасните немаат лоша намера кога ги скокоткаат децата и само се обидуваат да се забавуваат, тоа не значи дека крајниот резултат нема да биде штетен.

Според Д-р. Ричард Александар, професор по еволуциона биологија на Универзитетот во Миџиген, скокоткањето може да биде начин да се покаже доминантност над личноста, а лажното смеење, може да биде земено како потчинетост.

Скокоткањето било користено како метод на измачување на луѓето, низ вековите

Пред скокоткањето да премине во забавна активност, тоа било начин на мачење на луѓето. За време на Ханската династија во Кина, скокоткањето бил омилен таков метод, бидејќи не оставало белези кај жртвата, а истата можела подоцна лесно и брзо да се опорави од процесот.

Друго пак истражување спроведено врз 150 возрасни лица, резултирало со истите да одговорат дека го сметале за скокоткањето за малтретирање, а бројни примери биле наведени од самото детство, кога биле скокоткани од нивни браќа или сестри.

Истражувањето донесе краен заклучок дека скокоткањето може да предизвика екстремни психолошки реакции кај жртвата, како на пр. повраќање, отежнато дишење и вртоглавица.

Детето можеби не може да ви каже да престанете

Скокоткањето предизвикува неконтролирано смеење, а истото, доколку скокоткањето продолжи, ќе придонесе детето да не може да дише, ниту пак да има простор мирно и слободно да ви каже да престанете, бидејќи му е екстремно неудобно.

Скокоткањето може да предизвика трајни проблеми при довербата во други луѓе

Скокоткањето може да предизвика огромна психичка болка, а во бројните истражувања, како примери за лоши ситуации, многу од возрасните го навеле токму скокоткањето, кое придонело денес тие да не можат воопшто да се опуштат покрај друга личност, ниту пак слободно да веруваат дека никој ништо нема да им направи, бидејќи скокоткањето предизвикало еден вид на траума.

Постојат многу подобри начини да му покажете на вашето дете дека го сакате, отколку да го скокоткате

Вообичаено родителите мислат дека знаат што е најдобро за нивното дете, а од нивно искуство, тие сметаат дека скокоткањето е сосема нормално. Но, бидејќи постојат многу подобри начини на поврзување со децата, се препорачува овој чин строго да се избегнува. Доколку не можете да одолеете, барем еднаш да го скокоткате вашето дете, тогаш најдобро е прво да побарате дозвола од истото и да не претерувате.