Редовното консумирање на црн чај го исфрла непотребниот вишок на течности и токсини од организамот, а притоа е многу корисен и за целокупното наше здравје.

Црниот чај содржи флавоноиди, ензими, ксанини и витамини, особено од групата Б и Ц. Неговите активни елементи му овозможуваат на телото да се ослободи од сето она кое го попречува неговото правилно функционирање. Како резултат на елиминирање на непотребното, се доведува до загуба на здодевниот вишок килограми.

Сè што е потребно да направите за да ги добиете посакуваните резултати е да го намалите дневниот калориски внес и да започнете со редовно консумирање на црниот чај, воедно да ја зголемите физичката активност.

Во рамките на 1 месец, возможно е да се симнат до 5 килограми, но неопходно е да ги почитувате правилата, односно задолжително е десертите, брзата и масна храна да ја ставите на пауза одреден период. Може да консумирате чоколадо, но само темно и тоа еднаш неделно.

Зошто црниот чај е ефикасно средство за слабеење?

Црниот чај содржи кофеин, кој го зголемува клеточниот метаболизам и има моќни диуретични средства. Овој чудесен чај игра улога на моќен антиоксидант, кој служи за елиминирање на слободните радикали.

Кога ова ќе се случи, значително се подобрува работата на клетките. Со редовното консумирање на црн чај, не е задолжително да се да вежбате прекумерено или да посетувате теретана. Доволно е да правите долги прошетки секојдневно или пак, може да пробате трчање во парк.

Избегнувајте го консумирањето на црн чај вечерно време, бидејќи истиот може да доведе до несоница, токму поради тоа што содржи кофеин. Затоа најдобро е да се пие во текот на денот.