Кафето понекогаш наликува на волшебен напиток. Покрај тоа што наутро ни помага да не заспиеме на работното место, тоа ни дава енергија во текот на целиот ден, а доколку умерено го пиеме, е корисно и за здравјето.

Овој ароматичен напиток исто така е чудесен начин да се ослободиме од вишокот килограми, бидејќи го забрзува метаболизамот, особено доколку го пиеме на следниот начин.

Во утринското кафе само треба да ги додадете следните 3 состојки, кои најверојатно веќе ги имате во вашата кујна, а тоа се цимет, кокосово масло и мед. Истите ќе го збогатат вкусот на вашето кафе и ќе ви помогнат брзо и ефикасно да ослабнете.

Кафе со моќен ефект за слабеење

Потребни состојки

  • 1 кафена лажица цимет
  • ¾ шолја кокосово масло
  • Половина шолја мед

Начин на подготовка и употреба

Најпрво, измешајте ги сите овие состојки заедно во мал сад и поставете ги во ладилникот. Во ладилникот истите може да ги складирате на неколку дена.

И секое утро, откако ќе го приготвите вашето кафе, додадете по 1-2 кафени лажици од смесата со циметот, кокосовото масло и медот и тоа е сè. Консумирајте го кафето на овој начин секој ден и за краток период, ќе ги добиете посакуваните резултати.