Во средното училиште Сан Бенито во Калифорнија 20 девојчиња биле вратени дома поради начинот на кој биле облечени, со тврдење дека го прекршиле кодексот на облекување. Девојчињата носеле маици и блузи од кои им се гледале рамениците и училиштето тоа го сметало за вулгарно. Но, останатите ученици го сфатиле нивниот потег како сексистички и затоа голем број на момчиња од училиштето наредниот ден одлучиле да посетуваат настава во женски маици и блузи со спуштени раменици. Нивниот потег добил позитивно внимание и директорката одлучила да поразговара со учениците и заеднички да одлучат од кој степен почнува „вулгарното“.