Кожните проблеми можат да се појават на секоја возраст и од различни причини: хормонски дисбаланс, проблеми при функциите на внатрешните органи и сл.

Доколку секогаш сакате да изгледате свежо и вашата кожа да биде беспрекорна, тогаш овој текст ќе ви биде од голема помош.

Јаболковиот оцет има широк спектар на својства, кои можат да ви помогнат да се ослободите од акните, дамките и брчките на лицето. Оваа домашна состојка се изедначува со народна мудрост, која секоја жена треба да ја вклучи во својата козметичика рутина. Достапна е секаде, а притоа нема да ве чини многу, што ја прави дополнително супер состојка за употреба.

Како да користите јаболков оцет?

Јаболковиот оцет ги уништува бактериите и габите кои се насобрале на површината на кожата, при што ја нормализира кисело-базичната средина. Јаболковиот оцет е богат со витамини, минерали, антиоксиданти и ензими, кои се неопходни за вашата кожа.

1. Маска против акни  од јаболков оцет

Оваа маска ќе ви ја овозможи посакуваната мазна кожа, при што ќе создаде матирачки ефект на површината и ќе го исчисти лицето.

Потребни состојки

  • 2 супени лажици овесно брашно
  • 2 кафени лажици мед
  • 4 супени лажици јаболков оцет

Начин на подготовка

Овесното брашно се замесува со медот и јаболковиот оцет. Добиената смеса нанесете ја чисто лице и оставете да отстои 20 минути. Потоа исплакнете го лицето со топла вода и нанесете навлажнувачка крема.

2. Маска за подмладување од јаболков оцет

Оваа маска ќе ја подобри еластичноста на кожата, ќе ја освежи и ќе ја нахрани преку витамините и минералите во оцетот.

Потребни состојки

  • 1 мала краставица
  • 3 супени лажици масло за готвење
  • 1 жолчка
  • 1/3 кафена лажица јаболков оцет

Начин на подготовка

Изрендајте ја краставицата, исцедете го сокот од истата, а потоа во сокот додадете ги преостанатите состојки. Нанесете на лицето, вратот и деколтето. Оставете маската да отстои 15 минути, а потоа исплакнете со топла вода.

3. Лосион за мазна кожа со јаболков оцет

Се препорачува пред употреба, лосионот да се чува 3 денови во фрижидер, а потоа да се користи.

Потребни состојки

  • 5 кафени лажици сварен зелен чај
  • 1 супена лажица јаболков оцет

Начин на подготовка

Измешајте ги состојките, складирајте ги во сад, а по изминатите 3 денови во фрижидер, нанесувајте го лосионот на лицето еднаш дневно.

4. Маска за ослободување од темните дамки

Редовното користење на ова маска ќе резултира со избелување на кожата, исчезнување на дамките, малите белези и брчки од вашето лице.

Потребни состојки

  • 5 чаша вода
  • 1 кафена лажица јаболков оцет
  • Сок од половина лимон
  • 1 супена лажица мед
  • 2 супени лажици сода бикарбона

Начин на подготовка

Во вода се раствораат јаболковиот оцет и лимоновиот сок, а откако добро ќе ги измешате, пренесета ја смесата во друг сад и додадете го медот и содата, а потоа нанесете ја маската на чисто лице и оставете да отстои 10 минути. Прво исплакнете со топла, а потоа и со студена вода.