Иако новост во светот на домаќинството е дека одредени компании започнаа да произведуваат специјални крпи за перење, сепак постои и народски метод, при кој се користи обично влажно марамче.

Овие производи се наменти за разни цели. Специјалните крпи кои се поставуваат во машината за перење служат за отстранување на дамките, за избелување и заштита на бојата на облеката, додека пак обичното влажно марамче помага за собирање на остатоците од влакна, волна и слични ситни нечистотии при перењето.

Трикот со влажното марамче веќе многу домаќинки ширум светот го употребуваат и високо ја оценуваат неговата ефикасност, бидејќи се смета како чудесен филтер за прочистување на дополнителните остатоци при облеката за време на перењето.

Како да го употребите влажното марамче при перењето?

Во предвид треба да ги земете најпрво следните 2 совети:

  • Марамчето треба да е дебело т.е со густа текстура и големо
  • Може да поставите 2-3 марамчиња, но не и повеќе.

Важно е марамчињата да не се распаѓаат за време на перењето, воедно изберете марамчиња без силен мирис, бидејќи треба да имате во предвид дека при перењето облеката ќе ја прими нивната арома. За таа цел, детските и антибактериски влажни марамчиња се идеалниот избор за оваа цел. Едноставно поставете 1-2 во машината за алишта.

Специјални крпи за перење

Доколку сметате дека трикот со влажните марамчиња би имал сомнителни крајни резултати, тогаш обидете се со специјалните крпи наменти токму за поставување во машината за перење. Тие за разлика од марамчињата се тврди пред да се постават, а меки кога се мокри.