Отечен нос: Што може да направите во домашни услови и кога да посетите лекар

Дали некогаш сте почуствувале дека вашата настинка едноставно не поминува? Назалната конгестија што се чини дека не престанува, дури и со лекови без настинка или алергија, може да се должи на т.н назални полипи.

Најчести причини за отечен нос и нивни симптоми

Причини за отечен нос

Назалните полипи се бенигни (неканцерогени) израстоци на ткивата на слузницата или мукозата на вашиот нос, кои може лесно да се воспалат и да предизвикаат отекување на носот.

Симптоми

  • Чувство дека вашиот нос е блокиран
  • Течење на носот
  • Исцедок е кога вишокот слуз тече низ задниот дел на грлото
  • Затнат нос
  • Назална конгестија
  • Намалено чувство за мирис
  • Дишење преку уста
  • Чувство на притисок во челото или лицето
  • Ноќна апнеја
  • ‘Рчење
  • Болка или главоболка може да се појават и доколку има синусна инфекција покрај полипот

Причини

  • Хронични или периодични инфекции на синусите
  • Астма
  • Алергиски ринитис (предизвикан од алергени во воздухот)
  • Цистична фиброза
  • Синдром Чург-Штраус
  • Чувствителност на нестероидни антиинфламаторни лекови: Како што се ибупрофен или аспирин

Како да го третирате отечениот нос во домашни услови

Домашен лек за отечен нос

Користете навлажнувач на воздујот, практикувајте подолги топли тушеви или третман со вдишување и издишување на пареа од тенџере со затоплена вода. Исто така, конусмирајте повеќе течности, поставувајте топла влажна крпа на лицето, избегнувајте на одреден период влегување во хлорирани базени, користете спреј за нос.
Земете долги тушеви или дишете во пареа од тенџере со топла (но не премногу топла) вода.

Кога да посетите лекар?

Посета на лекар за отечен нос

Доколку отокот и болката во вашиот нос не поминуваат повеќе од 3 до 5 дена и покрај користењето на третманите, тогаш неопходно е да посетите лекар. Дури и ако во овој период отокот се намали, но изгледот на вашиот нос ви изгледа нарушен, тогаш закажете лекарски преглед.

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *