Зголеменото производство на меланин во организамот доведува до формирање на непријатните црни точки на лицето, кои лесно може да го нарушат беспрекорниот изглед на кожата. Тие може да се појават подеднакво и кај мажите и кај жените, на било која возраст.

Денес ви откриваме 2 златни домашни рецепти благодарение на кои може да се ослободите од овие здодевни црнки за само 15 минути!

Рецепт бр. 1

Измешајте 4 супени лажици пресно млеко со 2 супени лажици свежо исцеден сок од домати. Нанесете ја добиената смеса на вашето лице, оставете ја да дејствува 15 минути, а потоа измијте го лицето со вода.

Рецепт бр. 2

Кон половија шолја овесни снегулки, додадете сок од лимон и добро измешајте ги состојките до добивање паста. Домашната паста нанесете ја врз вашето лице, оставете ја да дејствува 15 минути, а потоа избришајте го лицето со крпа, претходно потопена во топла вода. Практикувајте го овој третман еднаш неделно.