Ишиатичниот нерв е најголемиот нерв во човечкото тело. Започнува од лумбалниот прешлен, притоа протегајќи се од задниот дел на бутот и коленото, па се разградува на мускули во тетивата.

Овој нерв е одговорен за сензитивноста и активноста на мускулите на нозете, како и пределот од колковите до прстите.

Притисокот во ишиатичниот нерв резултира со голема и непријатна болка. На среќа на сите кои се соочуваат со ваквата огромна непријатност, постојат 2 специјални вежби, со чија помош ќе се ослободите од ваквата болка.

Вежби за ишиатичниот нерв

Вежбите можете да ги правите индивидуално или во комбинација заедно. Тие се одобрени од лекари, кои притоа и самите ги советуваат своите пациенти да ги практикуваат.

Вежба бр. 1

Легнете на рамна површина. Свиткајте ја едната нога. Со рацете фатете ја ногата што сте ја кренале и обидете се благо да ја придвижите кон градниот кош, колку што највеќе можете.

Задржете се во оваа положба во времетраење од 30 секунди. Потоа, вратете се во првобитната положба, одморете и повторете ја вежбата уште 2 пати.

Вежба бр. 2

Легнете на рамна површина. Свиткајте ги колената и обидете се да ги фатите, притоа и држите со помош на вашите раце, како што е прикажано погоре на фотографијата.

Останете во оваа положба во времетраење од 30 секунди или повеќе, доколку сметате дека можете. Вратете се во првобитната положба. Повторете ја вежбата вкупно 2 пати.

Истовремено за ослободување од болката во ишиатичниот нерв посветете повеќе време на физичката активност, печашете колку што најмногу можете или едноставно правете ги овие вежби, кои нема да ви одземат многу време.