Како што растат температурите, така секојдневните модни комбинации стануваат сè поедноставни. Совршен избор се парчињата кои ни даваат удобност, но сепак во кои ќе се чувствуваме прекрасно и заводливо!

Кога станува збор за удобност + заводливост, ова лето, моден хит е уникатната комбинација на фустани со патики. Иако на прв поглед звучи необично, сепак блогерките, девојките и славните дами веќе безброј пати докажаа дека комбинацијата можеби е необична, но дефинтивно полн погодок!

Во продолжение следуваат 13 фотографии за инспирација од модните улици во Лондон, Париз, Милано и Њујорк, од дами кои покажуваат како оваа интересна комбинација може да ја носите на најсовршен начин: