Најверојатно веќе досега сте виделе како изгледа папилом, ако не по сопственото тело, сте забележале кај некој друг. Папиломите се едни од најчестите образувања на кожата.

Кожните, површински папиломи претставуваат мали израстоци, кои може да се формираат по вратот, пазувите, очните капаци и други делови на телото.

Тие црвени и кафеави по боја израстоци се образуваат како резултат на наталожувањето на колаген во масниот слој од кожата. Иако не се ризични за здравјето, понекогаш може да бидат проблем, поради можноста да се „откинат“, воспалат или пак да се надразнат, при случајна повреда или допир со облека.

Повеќето луѓе посакуваат да ги отстранат, бидејќи сметаат дека им го уништуваат надворешниот изглед, но и покрај таа желба за отстранување, одредени луѓе се грижат, дека токму отстранувањето може да доведе до опасни последици по нивното здравје.

Возможно ли е да се отстрани папилом и како?

Добрата вест е што отстранувањето на папиломи не бара подлегнување на болни и скапи процедури и честопати човекот сам може да ги отстрани од својата кожа. Сепак, пред таков вид на домашен третман, неопходна е претходна консултација со дерматолог, за да се утврди видот на папиломот, како и најефикасниот начин за негово отстранување.

Може да извлечете придобивки од својствата на природните производи. Со нивна помош, може да приготвите различни домашни средства, кои на природен начин ќе ги отстранат папиломите, без да ја оштетат кожата.

Што се случува доколку отстраните папилом?

Некои од израстоците со текот на годините исчезнуваат сами, без болка и чувство на непријатност. Тоа е добро, бидејќи тоа значи дека телото развило антитела и самостојно се справило со проблемот.

Доколку се обидете сами да отстраните некои од тие израстоци, така на пример, да го откинете, исечете со конец или изгорите, тогаш постои опасност, тоа да доведе до негативни последици.

Со несоодветно отстранување на папиломот, се зголемува ризикот од појава на повеќе папиломи потоа, како и воспаление на кожата и оставање белези.

Доколку ненамерно сте отстраниле некој папилом, потребно е да преземете соодветни мерки и да се консултирате со лекар.

Што треба да направите?

Во таков случај, треба веднаш да ја третирате проблематичната зона со антисептик. За соодветен се смета растворот на јод, не повеќе од 5% или оксилински мелем. Раната треба да биде покриена со фластер, за да се спречи појавата на инфекција. Се препорачува и да се консултирате со лекар, за да се воспостави точна дијагноза.