Војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон, без сомнеж е една од најдобрите современи модни икони. Таа секогаш воодушевува со нејзиниот беспрекорен стил и вкус, за кои ниту модните критичари не можат да дадат лоша оценка.

Она што војвотката ја прави различна од останатите кралски дами, е тоа што Кејт секогаш успева да изгледа модерно, елегантно и совршено, без притоа да го прекрши кралскиот кодекс на облекување.

Сега таа повторно поставува нов моден тренд меѓу дамите ширум светот, благодарение на нејзиниот омилен зимски моден додаток за коса. Покрај честото носење на уникатни шапки, сега Кејт обожава да носи дијадема во ретро стил- дебела и изработена од висококвалитетен материјал.