Киселата зелка е многу популарна зимница насекаде низ светот, но во разлчини краеви, истата различно се маринира. Денес ви предлагаме да го пробате овој неверојатно вкусен рецепт, кој шармира со неговата доза на пикантност!

Маринирана зелка

Вкупно време1 час
Оброк: Прилог
Кујна: Балканска
Клучни зборови: кисела зелка, маринирана зелка
Порции: 4

Состојки

  • 2 кг бела зелка
  • 4 чешниња лук
  • 4 моркови
  • 1 лута пиперка
  • 100 мл сончогледово масло
  • 1 литар вода
  • 100 мл оцет
  • 2 супени лажици сол
  • 5 каранфилчиња
  • 10 зрна бибер
  • 100 гр шеќер
  • 4 ловорови листа

Начин на подготовка

  • Отстранете ги горните листови од зелката, измијте ги и ситно исечете ги. Крупно изрендајте ги морковите, исечете ги лукот и пиперката на мали или тенки парчиња.
  • За маринадата, во 1 литар вода разредете го шеќерот, солта и додадете ги сите состојки. Поставете на оган, оставете да зоврие, исклучете го оганот и оставете да се лади. Во изладената маринада, налејте оцет и масло.
  • Земете соодветен сад и наполнете го со зелка, притоа надополнувајќи го и со лукот и лутите пиперки. Потоа одозгора излејте ја маринадата и поставете одозгора било каква тежина. Складирајте ја вака подготвената зелка на 1 ден во ладилникот.