Дури и кога еден човек не е болен, откако ќе наполни 40 години, во просек има по 5 здравствени проблеми, кои возможно е да не се забележуваат однадвор.

Притоа не само што не се забележуваат однадвор, туку и самиот човек не е свесен дека истите го опфатиле неговото тело, велат резултатите од едно ново истражување.

Австралиските научници од од Универзитетот Флиндерс, решија да откријат колку е ранливо здравјето по 40-та година.

Како дел од своето проучување, тие спровеле целосно физичко испитување и следење на состојбата на 561 личност, на возраст од 40 до 75 години. Паралелно при испитувањето, испитаниците немале никакви поплаки и жалби во однос на нивното здравје и од надворешен аспект, биле сосема здрави и активни.

Истражувачите се интересирале за квалитетот на слухот и меморијата кај луѓето, како и состојбата на нервниот, дигестивниот и кардиоваскуларниот систем. Како резултат на проучувањето, научниците заклучиле дека „секој учесник во просек има по 5 здравствени проблеми, кои с è уште не се во потполност развиени.“

Поконкретно, истражувачите кај испитаниците ги детектираа следните нарушувања во телото:

  • Висок крвен притисок
  • Проблеми со меморијата
  • Конгитивна попреченост
  • Нарушен слух
  • Лоша физичка подготвеност (Невозможност за извршување на одредени основни задачи)

Научниците по тој повод алармираат: Малите здравствени проблеми се акумулираат незабележително, а луѓето на 40 години имаат помалку време за себе, за да се грижат правилно за своето здравје, бидејќи се презафатени со семејството, децата и работата.

За таа цел, експертите препорачуваат луѓето да практикуваат да прават профилактични, односно превентивни прегледи, кои ќе им овозможат да ги откријат здравствени проблеми во почетна фаза и да ги избегнат посериозните последици.

Според нив, важно е луѓето на 40-годишна возраст да знаат дека на таа возраст се јавуваат бројни нарушувања, кои се случуваат во организамот и секогаш сите треба да се грижат за своето здравје и да ги следат препораките на лекарите.