Многупати со вас имаме споделено разни мотивирачки приказни за дами кои успешно се ослободиле од вишокот килорами, но денес ќе зборуваме за хероина која ефикасно ослабна, но не со диети!

Нејзината приказна до остварувањето на целта се заснова на следењето на 3 едноставни правила.

Софи има едвај 30 години, но веќе долго време се борела со вишокот килограми, практикувајќи разни диети. Младата дама достигнала тежина од 108 килограми, бројка која ја натерала да стави крај на дологодишните маки со телесната тежина.

Бројката која се покажала на вагата толку многу ја уплашила, при што Софи решила да ослабне веднаш и засекогаш. И така, со огромен вложен труд и континутираност, Софи денес тежи цели 43 килограми помалку.

Во што е состои нејзината тајна? Наместо диети, Софи всушност следела 3 едноставни правила, кои може да му помогнат на секој од нас.

30-годишната Софи Робертс открива дека целиот живот се борела со вишокот килограми, а телесната тежина особено се зголемила по раѓањето на нејзиното второ дете.

Еве кои 3 лесни правила ја спасиле Софи да се ослободи од прекумерената тежина:

1. Броење на калориите

„Ова е една од првите рабоит кои започнав да ги правам, кога решив да слабеам. Многу е важно да земате точно одредено количество на калории и истото да не го надминувате. Кога ќе посакам да јадам нешто слатко, најпрво проверувам колку калории содржи. Доколку количеството е соодветно, тогаш слободно го консумирам производот. За мене тоа е начинот да ослабнам, без да почувствувам драстично ограничување во исхраната. На овој начин ништо не ми недостасува.“

2. Избирање на квалитетна храна

„Внимавам на сè што ќе ставам во уста. Ова е незаменлив дел од мојот нов начи на живот. Здравите и добри навики се многу важни, доколку сакаш да ослабнеш и да постигнеш траен резултат. Тие ќе ти помогнат, дури и во моментите кога ќе ја изгубиш мотивацијата, да продолжиш и да не се откажеш. Се подразбира, не е возможно да се чувствуваш мотивирано буквално секој ден, но кога еднаш ќе ги стекнете здравите навики, процесот на слабеење не запира.“

3. Планирање

„Пазарам секоја недела и поминувам 20 минути во планирање на моето неделно мени. Приготвувам дел од храната која ќе ја консумирам во текот на следните денови и така не оставам простор за изговори да консумирам нешто што не е добро за мене.“

За да им даде надеж и да ги мотивира и останатите жени, Софи објави две фотографии на сајт за мајки.,

„На левата страна сум јас по раѓањето на моето прво дете- Тоа е мајката која се хранеше нездраво, која немаше никаква енергија и мотивација и која немаше сили да се искачи по скалите во домот. На втората фотографија сум јас по раѓањето на моето второ дете- Тоа е мајката која наоѓа време за вежбање, се храни здраво, мајката за која сега здравјето е приоритет, која се сака себеси и своето семејство.“

Откако ја пронајде совршената формула за слабеење со овие 3 едноставни и супер лесни правила, Софи вели дека е многу посреќна и исполнета жена.