Здравјето и убавината на орхидеите во најголем степен зависи од квалитетот на потрхранувањетоа, а многу искусни одгледувачи на цвеќиња препорачуваат за таа цел да се користи токму следниот домашен раствор.

Станува збор за домашен раствор, односно природно ѓубриво на база на јод и хидроген (водороден пероксид), кој а незаменлив природен зајакнувач на имунитетот на растенијата. Ги штити од разни заболувања и штетници и значително го потикнува нивниот раст.

Подготвување на природното ѓубриво

Подготвувањето на природното ѓубриво ќе ви одземе буквално сосема малку време, а истото се прави на два начина, во зависност од тоа за кој дел од растението е потребен.

За корените

Додадете 1 супена лажица хидроген (3%) во 1 литар вода и 2 капки јод. Добро измешајте ги состојките, а со добиениот раствор полевајте ги корените на секои 2 недели. Во ниту еден случај не го зголемувајте количество на јод, со цел да не ги изгорите корените.

За листовите

Во 1 литар вода, додадете 2-3 капки јод и 2 супени лажици хидроген (3%). Добиениот раствор нанесете го врз листовите на орхидејата со негово прскање. Најдобро е оваа процедура да ја правите наутро.