Најверојатно и вие имате свој докажан домашен рецепт за баклава, но денес ви предлагаме да пробате чудесна баклава со гриз, која е совршена на вкус со неверојатно мека текстура.

Баклава со гриз и ореви

Потребни состојки

  • 2 пакувања фини кори за баница (по 400 гр)
  • 6 јајца
  • 1 и 1/2 кафена шолја шеќер
  • 1 и 1/2 кафена шолја мелени ореви
  • 1 кафена шолја гриз
  • 300 гр масло

За шербетот

  • 4 и 1/2 кафена шолја шеќер
  • 6 кафени шолји вода
  • Сок од половина лимон

Начин на подготовка

Премачкајте го дното на садот со масло, а потоа наредете ги одзогора корите од едното пакување. Врз истите, додадете ја смесата за филот, приготвена од измешаните јајца со шеќерот, кон кои претходно сте ги додале оревите и гризот.

Покријте ја смесата со корите од второто пакување. Исечете ја балкавата ромбови и одозгора полејте со загреаното масло за готвење. Поставете ја да се пече и печете до нејзино вцрвенување.

Полејте ја готовата и изладена баклава со топлиот шербет, приготвен од водата, шеќерот и сокот од лимон.