Доколку веќе подолго време сакате да ослабнете или пак, планирате да вежбате, но поради секојдневните обврски нема време за теретана, ова е идеалната инспирација за вас. Во прилог погледнете 20-минутни вежби кои може да ги правите дома и за кои нема да ви треба опрема.

Во процесот на слабеење, вежбањето, покрај правилната исхрана, е неизбежен дел. Истото помага во согорување на калориите, топењето на масните наслаги, како и побрзо да ги видиме посакуваните резултати. А најважно е и да го активираме целото тело.

Во продолжение, германската блогерка Памела Риф ќе ви покаже како да го направите тоа:

Се што е потребно е само  да ги следите  нејзините чекори, а за помош во мерење на времето, во самото видео, во горниот десен агол е ставен автоматски тајмер и секако, за инспирација, видеото вклучува и музика која ќе ве размрда!