Појадокот е првиот и најважен оброк, бидејќи од истиот зависи целата нашата енергија со која ќе функционираме во текот на денот. Затоа не е ниту изненадување дека често се вели да се појадува како крал.

Затоа потребно е секогаш да избереме висококвалитена храна за појадок, а токму за оваа цел, за денес ви го претставуваме најмоќниот појадок.

Станува збор за традиционален англиски оброк, поконкретно за овесната каша.

Здравствени придобивки од овесната каша

  • Го регулира нивото на шеќер во крвта
  • Го намалува ризикот од појава на рак
  • Помага за ефикасно слабеење
  • Ја зголемува енергија и издржливоста на организамот
  • Го прочистува организамот од токсините и вишокот масти
  • Го заситува телото со неопходното количество на протеини, јод и калциум
  • Го зајакнува нервниот систем

Како да ја приготвите овесната каша за слабеење

Доколку сакате брзо и лесно да ослабнете, без да вложувате многу труд, тогаш лекарите и нутириционистите препорачуваа за појадок или како полесна вечера пред спиење, да ја консумирате овесната каша, по следниот рецепт.

Потребни состојки

  • 125 гр овесни снегулки
  • Половина литар врела вода
  • 1 мал лимон
  • 2 зелени јаболка

Начин на подготовка

Измијте и исечете ги јаболката. Потоа поставете ги во блендер, наполнете со вода и добро измешајте. Додадете ги и овесните снегулки и повторно добро измешајте ги состојките. На крај додадете го и сокот од лимонот и измешајте. Вкусниот лековит коктел е готов!

Луѓето кои страдаат од дигестивни заболувања треба да бидат посебно внимателни со консумирањето на овој вид на смеса, бидејќи содржи големо количество на сок од лимон.