Новата француска диета која ги освои дамите ширум светот е предоредена да трае 14 дена, временски период за кој, доколку правилно ја држите диетата и ги почитувате правилата, може да симнете 5 килограми.

Нејзината моќ се состои во тоа што и покрај малиот внес на калории, истата може многу да ве засити. Строго е ограничена консумацијата на сол, шеќер, десерти, а намален е внесот на лебот, тестенините и алкохолот. Менито за втората недела е исто, односно се повторува.

Мени за новата француска диета

Ден 1

  • Појадок: Шолја кафе
  • Ручек: 2 тврдо сварени јајца, салата и 1 домат
  • Вечера: 1 мало парче варено посно месо и зелена салата

Ден 2

  • Појадок: Шолја кафе и парче леб
  • Ручек: Парче варено месо
  • Вечера: Шунка или варени колбаси и зелена салата

Ден 3

  • Појадок: Шолја кафе и парче леб
  • Ручек: Пржени моркови, домат и портокал
  • Вечера: 2 варени јајца, колбаси и зелена салата

Ден 4

  • Појадок: Шолја кафе и парче леб
  • Ручек: 1 варено јајце, свежи моркови, 2-3 парчиња сирење
  • Вечера: Овошна салата и шолја кисело млеко

Ден 5

  • Појадок: Изрендани моркови со сок од лимон
  • Ручек: Варена риба и 1 домат
  • Вечера: Парче варено месо

Ден 6

  • Појадок: Шолја кафе
  • Ручек: Парче варено пилешко месо и зелена салата
  • Вечера: Парче варено месо

Ден 7

  • Појадок: Шолја чај
  • Ручек: Парче варено месо и овошје
  • Вечера: 2-3 парчиња шунка