Хистеријата околу коронавриусот е толку голема, што понекогаш резултира со навистина необични последици. Пример за тоа е ова руско семејство, кое го крсти своето новороденче по опасниот вирус.

Родителите од Новокузнецк, Русија, сметаат дека името е оригинално, инспирирано од причинителот на пандемијата, при што првото дете на овој пар се вика Ковид.

Детете е крстено во чест на коронавирусот и родителите се гордеат со изборот, кој според нив, звучи силно.

„Коронавирусот веќе ја завладеа едната половина од светот, ги затвори границите…Нека и мојот син биде толку моќен.“ – вели среќниот татко на новороденчето.

Парот се надева дека необичното име ќе му донесе среќа на нивниот син, а според мајката на Ковид, бебето веќе го истакнува неговиот силен карактер: Се храни одлично, спие цврсто, а кога ќе се разбуди, плаче на цел глас, да го разбуди целото соседство.