Невеоројатен десерт кој многу наликува на торта, а кој притоа е и здрав, бидејќи може лесно да го приготвите без шеќер, а пак да биде сладок и да се топи во уста.

Тиква на уникатен начин

Потребни состојки

  • 500 гр каша од тиква
  • 200 гр урда
  • 1 јајце
  • 1 супена лажица шеќер (по ваша желба)
  • 30 гр суво грозје
  • 1 супена лажица мед
  • 1 кафена лажица кора од портокал
  • 1 супена лажица шеќер
  • 1 пакетче ванила

Начин на подготовка

Исчистете ја тиквата од семиња и од кората. Исечете ја на парчиња и поставете ја во сад за печење, покриен со хартија за печење. Испечете ја тиквата во претходно загреана рерна на температура од 180°C, до нејзино омекнување. Доволни ќе ви бидат 15 минути. Проверете дали е готова со чепкалка за заби.

Следно, измијте го сувото грозје и полејте го истото со врела вода. Оставете ги да отстојат така.

Потоа, измешајте ги урдата, шеќерот, ванилата, јајцето и половина кафена лажица од кората од портокал во блендер, до добивање на кремаста текстура.

Испасирајте ја тиквата до добивање каша, а потоа во истата додадете ги медот и преостанатата половина од кората од портокал. Доколку добиеното пире од тиква ви изгледа претврдо, може да додадете уште 1 јајце.

Со масло за готвење, премачкајте хартија за печење. Рамномерно распоредете 1/3 од смесата со тиквата, потоа со рамномерен слој ½ урда и половина од сувото грозје. Следно, повторно нанесете на ист начин од смесите. Ќе имате 1/3  од тиквеното пире за најгорниот слој.

Печете во рерна, загреана до 180°C, во времетраење од 20 минути.

Пријатен апетит!