Една идна невеста, на социјалните мрежи објави фотографија од својот невестински фустан, за да побара моден совет дали би била добра идеја да додаде кристали на креацијата.

Воедно, невеста објасни дека с è уште нејзиниот невестински изглед не е потполн и дека на свечената комбинација фала уште чевли. Но, наместо моден совет за како да го комбинира фустанот, невестата доби бројни модни критики токму за него.

Некои нејзиниот фустан го нарекоа грд, а други корисници пак, напишаа дека единствената работа што го спасува изгледот е самото деколте.

Дел од корисниците беа едногласни дека кога некој одлучува јавно да објави фотографија, односно јавно да побара совет, мора да биде подготвен за секакви мислења, без разлика дали станува збор за фустан или ручек.

Но, имаше и корисници кои сепак сметаат дека најубавиот ден на оваа идна невеста не треба да биде уништен од злобните коментари.