Приказната за малата и чудесна Зои е навистина необична. Таа е родена во Сибир, но нејзините родители се откажале од неа и ја оставиле во дом за сирачиња. Кога имала 3 години, имала среќа да учествува во видео, направено од блогер.

Блогерот работел на проект при кој снимал филм токму за децата без родители. Така, една жена по име Татјана случајно го гледала филмот и едноставно девојчето го освоило нејзиното срце уште на прв поглед.

Татјана толку многу била воодушевена од Зои, што веднаш се обратила кон социјалните служби и ја започнала постапката за посвојување. Но, потоа разбрала дека девојчето се наоѓа во специјален дом за сираци, бидејќи има здравствени проблеми.

Во еден момент, жената започнала да размислува дали ќе успее правилно да се грижи за несреќното девојче, при што го паузирала процесот на посвојување. Во рамките на една недела, Татјана и нејзиниот сопруг долго размислувале што да прават понатаму, но во крајна сметка одлучиле дека сепак ќе ја посвојат Зои.

Но, за жал веќе било премногу доцна, бидејќи социјална служба го дала девојчето на други кандидати, односно родители, кои се преселиле во Москва.

Кога се присетува на тој ден, Татјана признава дека била скршена. Но, се случило вистинско чудо. Десет дена по посвојувањето, девојчето било вратено назад во домот, под изговор дека не се согласува добро со останатите членови и деца во семејството.

Овој пат, Татјана и нејзиниот сопруг не размислувале ниту секунда повеќе и следниот ден одлетале за Сибир, за да го земат нивното девојче. На нивна среќа, веќе ги имале потребните документи, а со новите родители, Зои започнала да заздравува и денес нејзините здравствени проблеми се далечно минато.

Прекрасното девојче има успешна и активна кариера на модел, при што веќе неколку пати се има појавено како заштитно лице на познати детски брендови низ Европа.