Колку и детално да сме го исчистиле мијалникот, па дури темелно сме исполирале се, сепак не сме свесни дека под тој сјај лежи полна нечистотија. Во продолжение прочитајте како една мајка со едноставен трик го решила овој проблем.

Жената на својот Фејсбук профил споделила како секогаш била фокусирана на чистотијата во домот, а највеќе внимание посветувала на мијалникот. Но, колку и да го чистела, непријатната миризба од него останувала. Па така, со помош на трик кој го видела на Интернет го решила проблемот.

Трикот е следен: Се што ви е потребно е обична монета со која, употребувајќи малку повеќе сила, ќе успеете да ја отстраните решетката и да го отворите сливникот. Од глетката може ќе се шокирате, но барем сега ќе знаете како да правилно да го исчистите.