Формалното облекување е многу важно за едно работно место, но дрес кодот не треба да предизвикува неудобност кај вработените. Сепак, на оваа новрвешка авиокомпанија очигледно не и е грижа за овие “ситници”.

Имено, авиокомпанијата Норвежиан Еарлајнс ги информирала своите работнички т.е стјуардеси дека мораат да донесат уверение потпишано од лекар и забелешката да ја носат со себе секогаш, доколку некогаш посакаат да работат во рамни чевли и балетанки.

Правилото за носење високи потпетици во норвешката авиокомпанија е документирани во правилникот за облекување кои брои дури 22 страни, а што се однесува до високите чевли, тие мора да бидат најмалку 2 цм високи.

“Дури е и повеќе од комично што се соочуваме со вакви работи и правила во 2019-та година. Додека светот оди напред, Норвешка застанала во универзумот на 50-те и 60-те години”- вели Ингрид Ходнебо, претставничка на социјалистичката левица во Норвешка.

Според правилникот, стјуардесите не само што задолжително мораат да носат високи потпетици, туку и задолжително мора да носат шминка во текот на целото работно време. Притоа сенката за очи не треба да биде нападна и драматична, пудрата треба да биде во светла нијанса и мораат да изгледаат нежно.

Исто така, премногу накит не е дозволено и не е дозволено носењето на прстени. Воедно, накитот може да биде само сребрен или златен и никакви религиозни мотиви не се дозволени.

“Барањето да се носи задолжителна унифрома е една работа, но наметнувањето правила за високите потпетици и шминката е апсурд! Работите отидоа предалеку! Ова е супер засрамувачки за оваа земја!”– вели Анет Третбергустен, претставничка од новрвешката трудова партија.

“Се јавија од 1960-та. Си го бараат Правилникот назад.”– иронично додаде Анет за The Independent.

Од друга страна, на машкиот персонал, односно на стјуардите им е забрането носењето на шминка и истата е дозволена само во случај на минимално користење на пудра за прикривање на акни и слично.