Вистинското пријателство, како и вистинската љубов, е тешко да се најде. Ако ги препознаете следниве знаци во вашата врска со пријателката, можете да бидете сигурни дека таа е „вистинската“. Затоа, задржете ја таа врска и негувајте ја затоа што искрен и лојален пријател го разубавува животот на посебен начин.

1. Таа секогаш ве поддржува, но ако не сте во право, таа ќе биде искрена со вас. Искреноста е важна во вашата врска.

2. Немате проблем да разговарате за „одвратни“ теми. Дигестивни проблеми може да биде чувствителна работа за некого, но не и за вас двете. Веднаш ќе започнете детална анализа на сите случувања во вашиот дигестивен систем. Истото важи и за сите други теми.

3. Луѓето прашуваат дали сте роднини. Да, точно, луѓето кои се често заедно почнуваат да личат едни на други, но дури и ако воопшто не си личите, луѓето претпоставуваат дека сте сестри затоа што веднаш им е јасно дека сте многу блиски.

4. „Се заканувате“ на момците со кои таа излегува. Вистински пријател ја презема улогата на родители и се грижи да не бидете повредени.

5. Не се осудувате едни со други. Таа нема да ви суди ако гледате некое глупаво реално шоу, но трпеливо ќе ве слуша како раскажувате за него.

6. Вие не треба да ги криете солзите од неа. Имате толку многу доверба во неа што не се срамите да плачете пред неа и да си ја олесните душата.

7. Ги знаете нејзиниот вкус и стил. Понекогаш кога сте сами на шопинг гледате нешто што сигурно таа би го купила за себе и веднаш и се јавувате да ја прашате дали сака да и ’го купите.

8. Понекогаш во Сабота навечер повеќе сакате да се дружите дома отколку да излегувате. Вашата заедничка забава не е само излегување во ноќни клубови и „потрага“ по момци.

9. Си ги доверувате работите едни на други. Дури и најинтимните работи како што се проблеми во кревет. Вистински пријател нема да ужива во тоа, но ќе ви каже дека ситуацијата ќе се подобри или ќе ви даде совет.

10. По долго разделување, продоллжувате таму каде што застанавте, како воопшто да не поминало време.

11. Ја сакате истата серија. По дружење со години, имате развиено сличен, ако не и ист вкус. Понекогаш дури се наоѓате себеси како зборувате за Кери Бредшо и Саманта Џонс од „Сексот и градот“ како да се дел од вашето општество.

12. Во исто време го кажувате истото. Луѓето кои поминуваат многу време заедно, усвојуваат сличен начин на зборување и честопати ги користат истите изрази, а понекогаш изгледа дека си ги читате мислите едни на други.