Кога немате идеја за брз и вкусен главен оброк, ви претставуваме една поедноставна варијанта на познатото пилешко во сос од кари.

Потребни состојки:

  • 1 кг. пилешки стек
  • 4- 5 главици кромид
  • 750 мл. павлака за готвење
  • 2 супени лажици сенф

Зачини: кари, вегета, мелен бибер, сол по желба

Потребно време за подготовка: 1 час

На загреано масло се пржи кромидот, претходно ситно исецкан. Постепено се додава вода, со цел да се издинста и да се добие хомогено вариво.  Се додава пилешкиот стек претходно обарен, сецкан на коцки. Се додаваат зачините. Кога водата ќе испари, смесата се претура во длабока тава за печење.  Се пече се додека не зарумени. Настрана се подготвува смеса од павлака за готвење, сенф и кари и се прелева на целата површина на тавата. Тавата повторно се враќа во печка и се гаси од оган.