Модната ревија на светски познатиот бренд за луксузна долна облека, Викторја Сикрет, веќе 20 години го имаше заробено срцето и вниманието на светот, претставувајќи ја беспрекорната убавина на супермоделите.

Но, она што милиони луѓе со нетрпение го очекуваа на телевизиските канали, веќе нема да имаат можност да го гледаат.

По врвот на контроверзиите, интензивниот критицизам, проблематичната продажба и нискиот рејтинг, директорот на брендот, Ле Векснер, ги извести вработените дека модната ревија и брендот Викторија Сикрет е целосно под процес на разгледување и размислување што понатаму.

„Модата е бизнис на промени. Мора да се менуваме, да растеме и да еволуираме. Со ова на ум, одлучивме целосно да размислиме и да ја промениме традиционалната ревија на Викторија Сикрет. Како што одиме напред, сметаме дека телевизиското емитување не ни одговара. Во 2019-та година и во иднина, се фокусираме на развивање на возбудлива и динамична содржина и нов вид на настан- пренесен на клиентите на екраните за коишто се залепени секојдневно. На овој начин, ќе ги поместиме границите на дигиталната ера. Сакаме брендот да се прероди целосно.“- изјави директорот Векснер.

Светски познатиот бренд веќе подолго време се соочува со криза, а истата кулминираше минатата година, во 2018-та година, кога тогашниот директор на брендот, Ед Разек во едно интервју за Вог даде контроверзно објаснување на прашањето зошто не вработуваат манекенки со облини и трансексуалци, при што изјави дека тие ревијата е фантазија, а тие би го уништиле тоа.