Ни доаѓа сезоната на јаболката и за денес ви подготвивме фантастичен рецепт со ова есенско овошје.

Неодоливи јаболкови прстени

Потребни состојки

  • 3 јаболка
  • 3 јајца
  • 6 супени лажици пченично брашно
  • 60 гр шеќер
  • 50 мл кисело млеко
  • 50 гр масло за готвење
  • 2 гр сода бикарбона
  • Половина кафена лажица ванила

Начин на подготовка

Измијте ги добро јаболката и истите излупете ги и исчете ги на кругови и извадете ја средината. Во длабок сад, изматете ги јајцата, а потоа додадете го ванилиниот шеќер и добро измешајте ги состојките, додека кристалите не се растворат целосно.

Во добиената смеса, додадете го и киселото млеко, содата и брашното и измешајте ги состојките до добивање мазна текстура, без меурчиња.

Секој јаболков прстен потопете го во смесата и испржете го во тава со претходно загреано масло, додека прстените не ја добијат потребната златна боја.

Врз готовите и изладени јаболкови прстени може одозгора може да посипете шеќер во прав, мед или да ставите од омилениот прелив. Покрај тоа, доколку вашето семејство го обожава циметот, исто така и него може да го додадете во тестото, за почудесна арома.

Пријатен апетит!