Лесен, вкусен и што е најважно, диетален, па затоа цел свет го обожава! Доволно е да ги измешате сите состојки заедно, додека рерната се загрева, а потоа едноставно да го испечете.

Десертот е умерено сладок, без шеќер, но може да го засладите по ваш вкус. Најдобрата опција е да додадете мед или јаворов сируп, но може и да го збогатите со чоколаден, овошен  или сос од карамела и притоа одозгора да декорирате со јаткасти плодови.

Диетален колач со банани

Потребни состојки

  • 5 банани
  • 1 лимон
  • 200 гр урда
  • 100 гр кисело млеко
  • 30-50 гр мед
  • 1 јајце

Начин на подготовка

Излупете ги бананите, исечете ги на половина по нивната должина, нанесете одозгора сок од лимон и поставете ги во сад за печење.

Измешајте ја урдата со јајцето и киселото млеко, користејќи блендер. Добиената смеса исипете ја врз бананите.

Печете околу 20-30 минути, во претходно загреана рерна на температура од 180°C.

Оставете го готвиот колач да се излади, а потоа сервирајте со полевање на мед одозгора врз истиот.