„Еден ден си дојдов дома, подготвив вечера, ја заедов раката на мојата сопруга и реков: „Сакам развод“…Во продолжение прочитајте една неверојатна приказна за жената која имала лавовско срце.

„Еден ден си дојдов дома, подготвив вечера, ја заедов раката на мојата сопруга и реков: „Сакам развод“. Но, таа воопшто не изгледаше вознемирено и само тивко ме праша „Зошто?“. Она што ја вознемири и налути беше мојот двосмислен одговор, при што од бес ја скрши чинијата и само ми рече „Ти не си вистински маж!“.

Цела вечер не прозборевме. Размислував и ја барав слабоста во нашиот брак, но јас едноставно не ја сакав сопругата. Јас ја имав Џејн.

Кога пристигнаа документите за развод, во кои пишуваше дека на својата сопруга и синот им ја оставам куќата, автомобилот и 30% од фирмата, таа дополнително се вознемири и ги искина. Жената со која бев во брак 10 години, започна да се променува.

Кога се вратив дома следниот ден, таа седеше на масата и пишуваше нешто, а јас веднаш отидов на спиење. Следното утро ми ги кажа условите за развод. Рече ништо не сака од мене, но има само едно барање: Целиот нареден месец да се однесуваме како нормален пар. Причината: Нашиот син има важни испити и не сакаше разводот да предизвика негативно влијание кај него.

Истовремено, ми рече да се потсетам на нашата свадба. Од сега па во текот на целиот месец, требаше да ја носам во раце и така да ја пренесам преку прагот на нашата спална соба. Мислев дека е луда, но сепак се согласив.

Иако не бевме во форма како на денот на свадбата, следниот ден тоа и го направивме. Додека ја пренесував преку прагот, нашиот син радосно аплаудираше и извикуваше „Тато ја носи мама на раце“. Тоа ми предизвика дополнителна болка, но сопругата тивко ми рече да не му откривам за разводот.

Вториот ден пренесувањето ни беше уште поуспешно. Некако полесно ја пренесов сопругата преку прагот. На лицето забележав дека има фини брчки и нејзината коса бавно стануваше сива. Едноставно, беа видливи последиците од нашиот брак.

На третиот ден, бев зачуден и не знаев што да направам, бидејќи додека ја пренесував, ми се јави чувство и потреба  од повторна блискост и интима со мојата сопруга. Таа беше жената со која поминав 10 години од својот брак.

На четвртиот и петтиот ден, интимните и романтични чувства беа се поприсутни. Додека минуваше месецот, веќе го обожавав овој момент од денот, но додека ја носев во раце, забележував дека таа станува сè послаба и полесна.

Едно утро размислував дека таа најверојатно сокривала огромна болка и горчина, предизвикана од моите постапки. Бев замислен и додека ја гледав како спие, со прстите ја галев по косата. Во тој момент, нашиот син дојде во спалната соба и возбудено извика „Тато, време е да ја носиш мама во раце“. Сите се имавме навикнато на нашиот мал секојдневен ритуал.

Пред повторно да ја пренесам преку прагот, сопругата го прегрна нашиот син и тогаш почувствував дека љубовта кон мојата сопруга не исчезнала.

Веднаш потоа ја посетив мојата љубовница, бидејќи не можев да издржам, гласно признав: „Извини Џејн, но не сакам да ја напуштам својата сопруга.“ Одеднаш сè ми беше јасно, јас навистина не сакав да го направам тоа.

Следниот ден, кој воедно беше последниот од месецот, пред да отидам дома, застанав во цвеќара, купив прекрасно цвеќе, а на картичката го замолив цвеќарот да напише „Ќе те носам преку прагот, се додека смртта не нè раздели“- реков гордо и со огромна насмевка.

Се вратив дома со буќетот цвеќе и кога дојде време за нашиот ритуал, кога ја земав повторно, таа ми почна во рацете.

Подоцна дознав дека боледувала од рак, но бидејќи јас бев толку слеп и зафатен со љубовницата, ништо немав забележано. Мојата сопруга знаела дека наскоро ќе почине и не сакала да го влоши односот меѓу мене и мојот син. На крај, таа направи во очите на нашиот син, јас да изгледам како најдобриот татко и најромантичниот сопруг што постои… “