26-годишната Маргарита Грачјова, од Русија, се соочила со страшен момент во својот живот, кога нејзиниот љубоморен сопруг ја нападнал.

Димитри Грајчов, кој по професија бил психолог, долго време се сомневал дека Маргарита го изневерува, пред во Декември 2017-та година да го изврши нападот. Односно ја одвел својата сопруга во една шума, ја заврзал и й ги скршил прстите, а потоа и й ги отсекол и двете раце.

Откако го извршил нападот, Димитири ја одвел сопругата во болница, за да добие соодветен лекарски третман, а потоа самиот се пријавил во полиција. Тој е осуден на 14 години затвор.

По 10-часовна операција, лекарите успеале да ја сошијат назад нејзината лева рака, но десната морале да ја заменат со вештачка.

„По нападот, често размислував како веќе не сум привлечна личност. Се претворив во жена со роботска рака и бројни грди лузни на моите раце и нозе. Да бидам искрена, се уште не научив целосно да ја прифатам новата јас. Но, сексуалноста не е само во изгледот, тоа е нешто многу подлабоко.“- вели Маргарита

Храбрата жена доби огромен број на позитивни коментари од Интернет корисниците по повод нејзината фотосесија, при која пренесува моќна порака дека треба да се сакаме и прифатиме токму какви што сме.