Лекарите велат дека мигрената може да се појави како резултат на честиот замор, интензивната умствена активност, стресот, како и поради одредени хормонски нарушувања.

Исхраната исто така е поврзана со појавата на мигрена. Докажано е дека недостатокот на одредени витамни, може да предизвика главоболка 4-пати почесто.

Еве кои 4 видови на храна треба редовно да ги консумирате, за да се чувствувате 100% здрави:

1. Фолна киселина и витамин Б12

Со недостаток на овие елементи, телото страда од стрес. Личноста станува почувствителна и се забрзува процесот на стареење. Витамин Б12 лесно може да најдете во пилешките гради, додека пак, фолна киселина во брокулите, спанаќот, тиквата, цвеклото и авокадото.

2. Железо

Жените често страдаат од недостаток на железо, при што недостатокот на овој елемент најчесто резултира со појава на депресија, мигрена и низок крвен притисок. Железото лесно ќе го надополните со консумирање на морски плодови, сусам, црн дроб и зеленчуци,

3. Витамин Б6

За да намалите главоболката и гадењето, консумирате свежи зеленчуци, црн дроб и зрнеста храна, како гравот.

4. Витамин Д

Консумирајте повеќе морски плодови, јајца, грав и млечни производи за значително да ја намалите појавата на главоболка.