Ники Стронг е 22-годишна студентка, од Саратога, Австралија и 8 долги години се борела со пореметување во исхраната. На почетокот од оваа година, кога веќе не можела тоа да го сокрива и и било многу лошо, посетила доктор, со надеж дека ќе добие соодветна лекарска помош и засекогаш ќе го реши овој проблем.

Кога отидов на преглед, на докторот му кажав дека изминатите осум години се борам ова пореметување и веќе не можам да издржам. Му кажав дека полека пропаѓам во темница”- изјавила Ники и му објаснила дека бара помош пред работите да се влошат.

Но, прегледот бил се освен преглед.

Само што му ја објаснив мојата ситуација, тој започна да се смее. Се смееше како штотуку да му имав кажано некоја многу смешна шега”.

Докторот не само што и се исмеал на оваа млада и беспомошна жена, туку и додал Не си доволно слаба за да има пореметување во исхраната!”, a притоа вперувајќи прст во нејзиното тело изјавил дека таа не била предебела, ама не била ниту преслаба за да има булимија.

Ники се почувствувала премногу засрамена и само што заминала од болницата, започнала да плаче.

Во тој момент почувствувала огромен пораз и станала премногу свесна за своето тело. Искуството било до толку ужасно и трауматизирачко, што самата Ники изјавила дека во еден момент помислувала да ослабне до тој степен нејзината тежина да биде под границата на нормалата, за да нејзиниот доктор започне да ја сфаќа нејзината болест сериозно.

Но за среќа, разумот победил и наместо да го превземе тој драстичен чекор, Ники се обратила на психолог, кој исто така бил ужаснат од реакциите на својот колега- доктор.

Ова искуство ја променило од корен и конечно Ники е на добар пат кон успешно опоравување. А откако ја споделила оваа нејзина приказна на Инстаграм, добила 20.000 допаѓања и илјадници коментари и поддршка од луѓе што поминуваат или поминале низ истото.