Денес ви претставуваме колекција од неверојатно практични трикови, кои би им биле од полза на сите жени и трикови со чија помош, конечно ќе се ослободите од сите чести проблеми со облеката!

Мали женски тајни

1. Подлога под градникот

На овој начин, нема никогаш веќе да чувствувате неудобност при допирот на кожата со градникот. За жал, ваквите специјални подлоги не се многу популарни на нашите простори, при што истите може само да се порачаат преку Интернет или да се купат во странство.

2. Чиста долна облека

Многу дами несвесно, неколку дена по ред носат еден ист градник. Тоа е голема грешка, бидејќи истата може да доведе до појава на акни на кожата. Исто така, доколку еден ист градник се носи подолг временски период, тоа ќе доведе до брзо губење на неговата форма.

3. Корпи за перење на градници

Градниците се посебен вид на парче од вообичаената женска облека, при што истите се препорачува да се перат во специјални корпи. Тоа не само што ќе помогне во одржување на нивната форма, туку и ќе ја заштити пералната од било какви полесни оштети.

4. Лепенки за прерамки

Доколку постојано се соочувате со паѓање на прерамките на вашите градници, тогаш употребете специјални лепенки и делови наменети токму за тоа.

5. Силиконски подлоги

Често, многу жени се откажуваат од носењето на нивниот омилен фустан со гол грб или подлабоко деколте, бидејќи никако не можат да го пронајдат соодветниот градник. Со силиконските подлоги таков проблем нема да постои!

6. Дополнителна потпора

Покрај силиконските подлоги, може да носите и класичен градник без прерамки. За да го спречите неговото паѓање, односно да го зацврстите, употребете дополнителна прерамка во долниот дел т.е под градите. Едноставно завиткајте ја околу истите и закопчајте.

7. Пластична штипка

Пластичната штипка која ќе ги опфати на средина и двете прерамки на градникот, ќе ви помогне истите да не се гледаат и ќе можете да уживате во носењето на овој вид на маици.

8. Градник за облека со изразен гол грб

Доколку сте обожавателка на елегантните фустани со изразен гол грб, купете ваков градник или со помош на прерамки од други градници, направете си домашна верзија од овој модел.

9. Градник за длабоко деколте

Специјалниот градник е наменет за фустаните чиј дизајн се карактеризира со длабоко деколте и истиот е достапен и во продавниците за долна облека и кај нас.