Жените имаат околу 450 менструации во текот на нивниот живот и секој пат, губат околу 60 мл крв.

Воедно, целиот тој процес воопшто не е евтин, а жените трошат во текот на сите циклуси се проценува дека трошат вкупно 5500 евра на хигиенски производи.

Често не обраќаме внимание на овие статистики и не сме целосно запознаени со карактеристиките на сопственото тело, особено кога станува збор за менструацијата.

Во продолжение следуваат 10 митови за менструацијата, кои долго време, повеќето жени ги сметаа за вистина:

1. Капењето не е дозволено

Дел од жените избегнуваат да уживаат во топол туш за време на оние денови, сметајќи дека топлата вода го поттикнува крварењето, додека пак други се плашат да не добијат инфекција. Но, тоа не е рана што крвари, туку едноставно ендометриумот т.е слузницата на матката, се одделуват од ендометрозниот ѕид.

Истовремено, топлата купка може да биде и ефективна, бидејќи истата ги опушта мускулите и ги намалува менструалните грчеви. Затоа шансите дека многу подобро ќе ви биде, наместо лошо, се драстично поголеми.

2. Не е дозволено пливање во базен или општо вода

Повеќето жени сметаат дека пливањето за време на менструацијата е штетно, но тоа воопшто не е вистина. Најпрво, тампонот или менструалната чашка нема да го дозволи навлегувањето на водата внатре, а притоа пливањето, како и вежбањето, ги намалува менструалните болки.

Исто така, не е толку лесно да се добие инфекција во базен. Според статистиките, со пливањето во базен, луѓето имаат поголеми шанси да добијат гастроинтестинални заболувања, конјуктивитис или кожни болести, отколку инфекција.

3. Менструалните циклуси се усогласуваат кога жени живеат заедно

Марта Меклинток била првата која пишувала за оваа карактеристика за една нејзина статија, во 1971-та година. Според нејзиното искуство, на пријателки, роднини и цимерки кои живееле заедно, менструациите им биле усогласени за 100%. Како причина била наведена размената на феромоните  кои ги произведува женското тело.

Но, неодамнешни истражувања докажаа дека ваквата врска меѓу две жени едноставно не постои и менструалната усогласеност е апсолутен мит.

4. Најдобро е да се одложи бојадисувањето на косата

Најдобро е да се одложи бојадисувањето на косата, бидејќи во спротивно бојата нема да ја опфати целата коса и косата ќе изгледа ужасно. Интернет корисниците веруваат дека ова е точно, а се должи на хормонската нерамнотежа. Но, едно истражување покажа дека дури и ако косата за време на менструацијата е ранлива и кршлива, сепак бојадисувањето нема начин како да наштети и дека можете тоа да го направите кога сакате.

Лошата состојба на косата е повеќе резултат на генетиката, не на оваа појава.

5. Појаките пијалоци можат да влијаат врз менструалниот циклус

Клучна е дозата. Дамите кои консумираат многу повеќе алкохол на дневна база се склони кон добивање нередовна менструација, изостанок на овулација и аменореа т.е отсуство на менструалното крварење. Алкохолот влијае врз целото тело, не само врз репродуктивниот систем.

Доколку сакате да консумирате една чаша вино или неколку коктели за време на оние денови, тоа е сосема во ред. Истражувањата покажаа, дека умереното пиење алкохол на ниту еден начин не влијае, ниту пак го нарушува менструалниот циклус.

6. Најдобро е да се одложи депилацијата, правењето тетоважа или козметички третмани

Некои уметници за тетоважи им препорачуваат на дамите да не се тетовираат за време на менструацијата, бидејќи тетоважата нема да испадне како што треба. Козметичарите исто така ги спречуваат своите клиентки да не прават ботокс и сличните зафати, за време на оние денови. Но, тоа сето всушност зависи колку овие луѓе се професионалци во својата работа.

Но и за потсетување, сепак депилирањето, тетовирањето и слично, би било поболно.

7. Треба да ја толерирате болката во стомакот

Да, речиси сите жени ја искусуваат оваа болка, но нејзиниот интензитет може да варира. Од 45 до 93% од жените, страдаат од дисменореја. Од 3 до 33% искусуваат сериозна болка: Висока температура, повраќање, вртоглавица и слични ужасни симптоми.

Доколку дисменорејата ве попречува да имате нормално секојдневие, тогаш најдобро е да се обратите до вашиот гинеколог, за да добиете соодветен третман.

8. Невозможно е да се забремени за време на менструацијата

Ова е еден од најчестите митови за менструалниот циклус. Всушност, плодноста не е толку силна за време на менструацијата, а најсилна е 12-16 денови пред следниот циклус. Но, не заборавајте дека на некои жени циклусот им трае 21, наместо 28 денови и може да биде нередовен.

Истовремено, спермата може да ја задржи својата оплодувачка способност во телото на жената од 5-7 денови и незаштитениот однос може да се поклопи со овулацијата и да резултира со бременост.

9. Менструалниот циклус не се случува за време на циклусот на Месечината

Овој мит поттекнува од античко време, но современите истражувања не наоѓаат никаква поврзаност на едното со другото.

Објаснувањето е поедноставно: Месечевиот циклус трае 29.5 денови, додека просечниот менструален циклус трае од 21 до 35 денови. Должината на циклусот може да се промени со текот на животот, а понекогаш двата циклуса можат да се поклопат, но тоа е чиста случајност.

10. Опасно е да се одложи менструалниот циклус со орални контрацептивни апчиња

Секоја жена, барем еднаш во животот посакала да го одложи својот менструален циклус. Некои жени не користат апчиња, сметајќи дека ќе им наштетат. Но, експерти од Националното Здружение за здравје докажало дека нема ништо штетно во одложувањето на менструацијата, а во некои случаи дури е и корисно. На пример, кога жената страда од дисменореја. Секако, овој метод не се препорачува да се користи секогаш и на редовна база.