На мажите им преостанува да негираат, но на жените да потврдат.

Жените во брак ова најверојатно одамна го знаеја, но науката сега конечно го потврди- имањето сопруг наликува на имање дете, отколку на личност еднаква на вас, на која можете да се потпрете и заедно да ги одгледате вистинските деца во семејството.

Неодамнешно истражување кое опфати 7.000 мајки од САД, ги замоли да ја наведат нивната причина број 1 за секојдневниот стрес.

9 од 10 мајки одговорија дека нивните сопрузи им предизвикуваат поголема нервоза и стрес од самите деца, за дури 46% повеќе.

„7-годишник ќе си остане 7-годишник. Но, кога 35-годишен маж ќе се однесува како 7-годишник, тоа е вистинскиот стрес, бидејќи тие би требало да се однесуваат според годините- како возрасни“- вели мајката Дена Флено.

Причината? Повеќе од 75% од мајките ги целосно ги извршуваат улогите во домаќинството и родителството, бидејќи поинаку работите не би можеле да се завршат, со оглед на тоа дека изјавиле дека немаат огромна помош од сопрузите.

Секоја петта жена која учествувала во истражувањето, изјавила дека цело време е под стрес, бидејќи воопшто не добива никаква помош од сопругот.

„Најискрено, се чувствувам физички и психички исцрпено кога сопругот ќе си дојде дома, бидејќи тоа изгледа како почеток на сосема нова обврска, исто како обврска за друго дете“- додава друга мајка, која преферираше да остане анонимна.

Истражувањето заклучило дека сопрузите се едноставно големи бебиња кои на своите сопруги им го отежнуваат животот.

Дами дали вие се согласувате и кој е вашиот став?