Губењето заби на зрели години може да биде непријатен проблем, со кој се соочуваат многу возрасни луѓе. А дури четвртина од луѓето, до 74-годишна возраст ги губат сите заби.

Иако, како алтернатива тука се вештачките импланти, нивното носење може да биде доста неугодно, бидејќи тие не се прилагодуваат природно на нашата усна празнина.

Но, со новото откритие, веќе на губитокот на заби ќе му кажеме збогум!

Научниците открија нова техника со помош на која на луѓето ќе можат повторно да им растат заби и тоа за само 9 недели, користејќи ги сопствените матични клетки на пациентот.

Научниците од њујоршкиот Центар за медицина, при Универзитетот Колумбија, се надеваат дека нивното откритите ќе биде решението за овој голем проблем т.е дека ќе успеат матичните клетки да ги пренасочат во тој дел, сами да израснат нови заби, притоа запазувајќи ја точната анатомија на личноста.

Додатно на тоа, забите ќе растат од празните вдлабнатини, каде претходно стоеле првичните заби.

Ова научно откритие веќе е докажано кај животните при експеримент врз 22 лабараториски глувци, кај кои за 9 недели, по пресадуваењето на растечките фактори, забните коски се регенерирале.

Откритието сега преостанува да се докаже и кај луѓето, кое ќе биде од огромна значајност за сите.