Најверојатно и вие дома имате емајлирани садови- тави и тенџериња, кои останале од вашите мајки и баби. И навистина, токму ваквите садови се многу удобни и практични за готвење.

Но, имаат еден лош квалитет- со текот на годините, по долготрајната употреба, на нивната површина се наталожуваат јаглеродни и други видови на наслаги.

Но, без грижи, во продолжение ви откриваме како брзо, лесно и ефикасно да се справите со овој пробле.

Како да ги исчистите емајлираните садови?

Наполнете го садот со студена вода, малку повеќе од половината. Следно, додадете 2 супени лажици натриум перкарбонат или кислородно белило и поставете го садот на оган.

Веднаш штом водата ќе започне да врие, додадете внатре крпа, на која останале масни дамки. На овој начин истовремено ќе решите два проблеми: Ќе го исчистите садот и ќе ја исперете крпата.

Варете 5 минути. Контролирајте го процесот за да создадената пена не се прелее од тенџерето.

На крај, излејте ја водата и исчистете ги сите останати дамки и наслаги со четка или сунѓер.