„Додека бев во болница, разговарав со една интересна жена. Таа веќе има 70 години, но изгледаше многу негувано. Воопшто не наликуваше како на типична возрасна жена.

Таа изградила успешна кариера и целиот свој живот го живеела само за себе. Најпрво се омажила на 20-годишна возраст, а кога нејзиниот сопруг наполнил 30 години, започнал постојано да зборува на темата да имаат деца, иако претходно воопшто не бил заинтересиран за истите.

Но, веднаш штом започнал постојано да ја притиска, Галина се развела од него. Наскоро, таа започнала да заработува повеќе, да гради успешна кариера, со што добила можност да патува по светот и да се облекува во врвни француски брендови.

Кога наполнила 60 години, вториот сопруг на Галина починал и таа останала сама. Но, истата повторно живее активен живот. Посетува часови по танцување и пеење и редовно прави лекарски прегледи, со што активно го следи нејзиното здравје.

„Но, нели жалиш што не си родила дете? Сега немаше да останеш сама.“- ја прашав.

„Знаеш драга, не жалам. Бидејќи сите мои пријатели се родители и имаат деца. И знаеш ли што? Сега се сами. Но, за разлика од нив, јас од време на време можам да си дозволам да плаќам човек кој ќе ми донесе храна од маркет и чаша вода, кога сум болна. А за моите пријатели не се грижат ниту нивните сопствени деца.“- рече Галина. “

Дали се согласувате со мислењето на Галина?