Речиси и да не постои човек кој не обожава пилешки прсти, односно похувано пилешко месо. За истото да стане нежно, сочно и супер вкусно, истото треба да го обработите со кујнски чук, да го маринирате, да го потопите во смесата за похување и тоа е сè.

Најсовршените пилешки прсти

Речиси и да не постои човек кој не обожава пилешки прсти, односно похувано пилешко месо. За истото да стане нежно, сочно и супер вкусно, истото треба да го обработите со кујнски чук, да го маринирате, да го потопите во смесата за похување и тоа е сè!
Оброк: Главно јадење
Кујна: Американска
Клучни зборови: похувано пилешко, пилешки прсти
Порции: 4

Состојки

  • 2 пилешки филети
  • 2 чешниња лук
  • 1 кафена лажица зачини за месо и пиле
  • 3 јајца
  • 2 супени лажици нишесте
  • По вкус сол

Начин на подготовка

  • Измијте ги филетите, исушете ги со кујнска хартија, а потоа исечете го месото на тенки парчиња со еднаква големина. Секоја лента обработете ја со кујнски чук, а потоа поставете го местото во сад.
  • Поделете ги јајцата на жолчки и белки, притоа додавајќи ги жолчките кон месото. Зачинете со сол и мелен црн пипер и истолчениот лук.
  • Потоа добро измешајте ги сите состојки заедно и оставете ги така да отстојат 20 минути, со цел месото целосно да се маринира. Потоа додадете и нишесте и повторно добро измешајте.
  • Лесно посолете ги белките и изматете ги со миксер до добивање пена. Потопете го секое парче месо во изматените белки, свртете го 2-3 пати за да целосно се покријат во пената.
  • Потоа поставете ја тавата на оган, додадете масло за готвење и загрејте ја, а потоа додадете го и месото во тавата и пржете по неколку минути и од двете страни.