Навикнати сме за баницата секогаш да размислуваме за кори полнети со вкусен солен фил, спанаќ, компири и сл. Се подразбира, постојат и слатки варијанти, а денес ви го претставуваме најдобриот рецепт за истите!

Најслатката баница со алва

Навикнати сме за баницата секогаш да размислуваме за кори полнети со вкусен солен фил, спанаќ, компири и сл. Се подразбира, постојат и слатки варијанти, а денес ви го претставуваме најдобриот рецепт за блага баница!
Вкупно време45 минути
Оброк: Десерт
Кујна: Турска
Клучни зборови: баница, блага баница, баница со алва, алва
Порции: 4

Состојки

  • 1 пакет кори за баница
  • 1 кафена шолја сомелени ореви
  • 1 кафена шолја шеќер
  • 1 кафена шолја лимонада
  • 1 кафена шолја брашно
  • 1 пециво
  • 400 гр алва

За шербетот

  • 2 кафени шолји шеќер
  • 2 кафени шолји вода
  • 2 пакетичиња ванила
  • 3-4 капки сок од лимон

Начин на подготовка

За шербетот

  • Сварете го шеќерот со водата за 10 минути. Додадете ги ванилата и лимонот за да ја збогатите неговата арома.

За филот

  • Изматете ги јајцата со лимонадата (газираната вода). Додадете го брашнотот измешано со пецивото и натрошената алва.

Подготовка на баницата

  • Земете ги корите две по две. Премачкајте ги со маслиново масло, а во нивниот најширок дел, поставете неколку лажици од приготвениот фил.
  • Завиткајте ги корите во форма на ролат и подредете ги во премачкан сад, во круг, почнувајќи од средината на садот.
  • Поставете ја баницата да се пече на 180°C, во претходно загреана рерна.
  • Полејте ја топлата баница со изладениот сируп, покријте ја со фолија и така оставете ја да отстои 10 минути.