Иако долгата коса отсекогаш се сметала за поим за женственост, денес модерните жени не се плашат да докажат дека и кратката коса може да изгледа неверојатно елегантно.

Со тоа што не се плашат да бидат похрабри и да експериментираат, денес жените ширум светот придонесо да се врати на сцена легендарната „боб“ фризура, а на истата популарноста значително се зголеми во последно време.

Доколку веќе подолго време се размислувате да го преобразите вашиот изглед, тогаш овој вид на фризура е одличен избор за почеток. Најновата модерна тенденција на „боб“ фризурата ја прави истата достапна во секаква различна и уникатна варијанта, скроена за сечиј вкус, а со вашата коса во рацете на вистински професионалец, многу лесно може да го постигнете посакуваниот нов гламурозен изглед!

Во продолжение погледнете и инспирирајте се од најновиот тренд за коса, кој им стана омилен на сите жени: Со секаква должина, степени и нијанси за секој облик на лице!