Денес ќе ве израдуваме со еден рецепт за тесто, кое е по мерките на секој готвач- и за оние кои се многу вешти во готвењето и за оние кои штотуку почнуваат.

Кифличките од тестото се превкусни и меки, не се разлеваат при печењето, а самото тесто е многу флексибилно за месење, без да се лепи по вашите раце.

Најмрзеливото тесто за кифлички

Потребни состојки

  • 4 шолји брашно
  • 2 супени лажици шеќер
  • 2 супени лажици сончогледово масло
  • 1 пакетче сув квасец (11 гр)

Начин на подготовка

  1. Сите состојки се мешаат заедно во еден сад, сè додека не добиете мазна текстура.
  2. Тестото се складира во пластична ќеса и се остава да отстои во фрижидерот во времетраење од 2 часа. ТОА Е СЕ!
  3. Два часа подоцна, тестото се вади, со малку брашно се замесува и од него се приготвуваат кифлички или мали лепчиња, односно по ваша желба.
  4. Тестото е одлично за подготовка секој вид на пецива, вклучувајќи и пица.