Сексот е искуство кое ја возбудува скоро секоја личност на планетата. За да го направиме уште повозбудливо и поисполнувачко искуство, треба да знаеме дека постојат некои работи што не треба да ги правиме непосредно пред сексот, бидејќи тие можат да ги ослабат нашите перформанси и да ги прикријат нашите чувства. Исто така, постојат работи што можат да го стимулираат искуството и да ја направат сексуалната игра уште повозбудлива и полна со пријатни сензации.

Истражувањето спроведено на 2.000 постари Американци, цитирано од „New York Post“, покажа дека 56 проценти од испитаниците изјавиле дека имаат „страшен“ секс со нов партнер. Една можна причина е непријатноста што е нормална меѓу новите партнери. Ова обично се подобрува со текот на времетo,no  постојат многу други предуслови што можат да го направат сексот не толку добар како што очекувавме, особено кога станува збор за  почетокот на врската.

Кои се работите што e  подобро не ги правите пред сексот ако сакате да се претставите добро?

Не јадете зачинета храна, не се прејадувајте

Зачинета храна и обилен оброк на состанок можеби нема да заврши со таков среќен крај како што се надевавте. Прејадувањето и зачинетата храна може да предизвикаат тежина, надуеност, мрзеливост, инерција и негативно да влијаат на перформансите во кревет. Последно што сакате е гас за време на секс, нели?

Не се бричите/депилирајте пред секс

Јасно е дека сакате да изгледате совршено пред вашиот партнер, па затоа решивте да се бричите непосредно пред состанокот, но ова е ужасен избор. Кожата е многу деликатна и нежна по отстранувањето на влакната, а триењето за време на сексот може многу да ја иритира. Најдобро е да се направи овој ритуал претходната вечер.

Image result for loving couple

Не земајте антихистамини пред секс

Веројатно не сакате да кивате  за време на сексот ако имате сезонска или друга алергија, но треба да знаете дека земањето антихистаминици може да го затемни вашето сексуално искуство. Исто како што ја сушат слузницата на носот и грлото, тие исто така можат да го намалат лачењето на вагинална течност и сперма.

Не пијте премногу алкохол

Алкохолот може да го скрати времето на ерекција, да предизвика збунетост, да ги осакати вашите чувства, бидејќи тоа силно влијае на нервниот систем. Добро е да не претерувате ако сакате да уживате во сексот.