Од време на време неизбежно е во секој ладлник да се појави одредена непријатна миризба, поради разни фактори. Неговото темелно чистење и вадење и одделно чистење на секој рафт ќе ви одземе многу време, па затоа денес ви откриваме брзо ефикасно решение за овој проблем.

Станува збор за еден многу едноставен метод според кој треба да поставите влажен весник во ладилникот. Зошто весник, а не обична хартија? Бидејќи обичната хартија апсорбира многу малку вода.

Најпрво обилно напрскајте го весникот со обична вода. Потоа истуткајте го во топка и така поставете го во ладилникот. По 12 часа непријатниот мирис ќе биде значително намален. Најдобро е весникот да го поставите врз чинија или даска за сечење.