Ретко на кого пеглањето на алиштата му е омилена домашна обврска. Но, не само што тоа може да одземе многу време, кога случајно ќе настанат загорени дамки на површината на пеглата, тоа дополнително го отежнува целиот процес.

Но, без грижи, токму денес ви откриваме како неверојатно брзо и лесно, без многу труд, да го решите овој проблем!

Како да ја исчистите загорената пегла

Ќе ви биде потребно

  • Ракавица
  • Парче ткаенина
  • Парацетамол

Што треба да направите

Оставете ја пеглата да се загрее.

Облечете ракавица за да ја заштитите вашата кожа.

Земете таблета парацетамол и истата со триење нанесете ја на површината на пеглата. Пеглата брзо ќе го растопи парацетамолот, претворајќи ги јаглеродните наслаги во полутечна маса. Употребете онолку таблети колку што сметате дека ќе ви бидат потребни, за да ефикасно ги отстраните загорените дамки.

На крај со сува крпа, темелно избришајте ја површината на пеглата.

Може да ја употребите функцијата за пареа, за да се ослободите од загорените наслаги кои навлегле во малите ситни дупчиња на уредот.